Рекламации

Во случај да не сте задоволни од производите, тие може да се заменат или да се вратат во рок од 7 дена од приемот, и вашите пари ќе ви бидат вратени.

За да го остварите ова право, треба да го испратите вашиот производ неоштетен во оригиналното пакување со сета опрема и документација со која производот бил при првичната испoрака.

Доколку производот не е во исправна состојба или истиот има одреден дефект , купувачот е должен  да го  пријави истиот по телефон или емаил, најдоцна до 3 дена од приемот на производот. Доколку неможе да се остранат недостатоците на производот купувачот добива за замена нов производ.

Сите Ваши поплаки и незадоволства можете да ги пријавите на телефонскиот број 044-331-506 или пак да ни испратите еmail на ekos.tetovo@gmail.com 

Потрошувачот  треба да биде запознаен со бројот на сметката или корисничкото име за да ние можеме да ја провериме Вашата нарачка и истата да Ви ја испорачаме.